The Other Emily – Dean Koontz

Пред една деценија, Емили Карлино исчезнува откако нејзиниот автомобил се расипува на автопат во Калифорнија. Се претпоставува дека таа е една од жртвите на серискиот убиец Рони Ли Џесап, но нејзиното тело никогаш не било пронајдено.
Писателот Дејвид Торн сè уште се нема опоравено од губењето на љубовта на неговиот живот, а и од вината што не бил таму за да ја спаси. Оттогаш, тој бара начин да стави точка и да заврти нов лист. Тој дури и редовно ги посетува Џесап во затворот, очаен да дознае нешто повеќе за последните часови од животот на Емили.
Еден ден, Дејвид се среќава со Медисон Сатон – девојка која неверојатно многу наликува на Емили. Но, она што навистина му го одзема здивот е фактот дека не само што таа физички наликува на неговата изгубена љубов, туку таа исто се движи, исто зборува, па дури и исто се бакнува како неа… Како што ги согледува овие работи, така опсесијата на Дејвид расте, а мистериозното минато на Медисон се продлабочува.

Книгава не беше my cup of tea, но за волја на вистината, самата сум виновна што не обрнав внимание на сите жанрови во кои е ставена, меѓу кои и категоријата Science Fiction.
Почна навистина интересно, што мислам дека ќе го заклучите и од самата кратка содржина, и додека ја слушав постојано во глава редев можни сценарија за она што се случува. Како што се одмотуваше клопчето и приказната добиваше своја разврска, така сè помалку ми се допаѓаше 😀 Сумирано можам да кажам дека првата половина ми се допадна, но втората не.
Ако го тргнеме расплетот на страна, не ми се допадна тоа што некои работи се повторуваа толку многу, што си се прашував дали можеби аудио снимката ми се вратила назад и повторно го слушам тоа што веќе сум го преслушала. Истите прашања се повторуваа во круг – која е Медисон, на каков начин е поврзана со Емили, дали се работи за истата личност… Овие прашалници во текот на книгата го мачеа не само Дејвид, туку и мене 😀
Знам дека книгава има доста позитивни коментари на Goodreads, впрочем така и јас ја одбрав, судејќи по пофалбите, така што ако сте љубители на Science Fiction, нека не ве одвратуваат моите впечатоци за неа. Дајте ѝ шанса 🙂

Би можело да ти се допадне и ова...