„Аутсајдер“ – Стивен Кинг

По бруталното убиство на момче во градскиот парк, неколку очевидци едногласно го посочуваат омилениот тренер Тери Мејтланд како виновник. Доказите од ДНК анализата и отпечатоците од прсти само потврдуваат дека овој угледен, семеен човек извршил страшно злосторство. Згрозен од бруталното убиство и потресен од фактот дека Мејтленд го тренирал неговиот син, детективот Ралф Андерсон наредува апсењето на осомничениот да биде јавен спектакл. Но, Мејтленд има алиби и други сведоци потврдуваат дека во моментот на убиството, тој бил на сосема друго место. Алибито е потврдено и се чини како Мејтленд да бил на две места во исто време. Но, пред да успее да ја докаже неговата невиност, тој е застрелан и убиен од гневната толпа која го опколува полициското возило во кое треба тој да влезе. Колку што одредени докази посочуваат дека то е виновникот, толку докази покажуваат дека е навин, а Андресон е инсправен пред најголемиот професионален предивзик кој може засекогаш да му ја уништи кариерата.

Кога налетав на крими серијата на HBO и дознав дека е направена по книга на Стивен Кинг, секако дека најпрво посегнав да ја прочитам книгата.
Не сум голем љубител на хорори, и кога се работи за книги и кога се работи за филмови/серии, но одвреме навреме знам да се осмелам да прочитам/изгледам нешто такво 🙂 Во случајов да преслушам, затоа што се одлучив Аутсајдер да ја слушам во аудио формат. Форматот во кој ќе ја примите приказната секако е значаен, затоа што не е исто да ги читате сцените и некој да ви ги раскажува со морничав глас. А во план ми е да ја погледнам и серијата, па и визуелно да видам како сето тоа е доловено.

Ќе бидам искрена – мислев дека ќе ми биде пострашна. Можеби кога е во прашање Стивен Кинг имам високи очекувања од тој аспект, па бев психички спремна од страв да се развртувам околу мене додека ја слушам на слушалки, но сепак лесно поминав 😀 Секако тоа не значи дека книгата е лоша, баш напротив. Приказната е прилично интригантна и (за мене) непредвидлива, а одредени сцени се живописно деловени, па можеби не се за чувствителен стомак. Ми се допадна како ликовите беа споени и секој од нив си носеше некој свој карактеристичен белег што ја збогатуваше приказната.
Доколку сте љубители на Кинг и на хорор книги генерално – јас би рекла да ѝ дадете шанса.

Би можело да ти се допадне и ова...