Across the Horizon – Aly Martinez

Совршениот живот на Рита се урива за дел од секунда кога дознава дека нејзиниот сопруг ја изневерувал со месеци наназад. Подарувајќи му ги најубавите години од нејзиниот живот, Рита сфаќа дека залудно се откажала од студиите за да му се посвети на сопругот кој како доктор бил постојано ангажиран околу работата. Сега останува без дом, скршена пара, а и без некакви квалификации кои ќе ѝ помогнат да најде работа. Нејзиниот сопруг ја моли за прошка, но дури и да му го прости неверството, Рита не може да помине преку фактот дека неговата љубовница е бремена.
Пресврт во целата ситуација се случува кога сосема случајно Рита го запознава славниот и згоден готвач Тенер Рис. Тогаш го сфаќа она што љубовницата на нејзиниот сопруг ѝ го кажала: Понекогаш љубовта доаѓа кога најмалку ја очекуваш.

Иако се трудам да не им судам на книгите по нивните корици, во вакви моменти посакувам да сум го направела тоа. Ваков стил на корици со разголени мажи воопшто не ми се допаѓаат, но си реков ајде да не избрзувам со заклучоци и да ѝ дадам шанса. Не требаше. Знам какви се генералните впечатоци за книгава меѓу читателите на Goodreads, но ете, овојпат јас не се вбројувам во мнозинството кое ја оценило со 4 и 5 ѕвездички. Од мене доби една.
Се обидувам да се сетам дали имаше нешто кое ми се допадна во книгава, но не успеав. Ликовите не само што беа антипатични и недопадливи, туку беа ужасни. Тенер кој беше убеден дека со шармот и парите може сè, беше толку самобендисан и арогантен што мислеше дека светот му е под колена. Рита која веројатно е најлошиот женски лик кој некогаш сум го запознала низ книгите, со толку ниско мислење за самата себе и такво обезвреднување на себеси како личност. На крајот заедно двајцата во наводно многу длабока поврзаност која мене искрено ми личеше на врска меѓу двајца тинејџери кои не можат да си ги смират хормоните. Сè што гледав во нив двајца беше површна врска базирана на моментална страст и ништо повеќе. На моменти ме потсетуваа на „50 нијанси сиво“ – и ова не го кажувам во позитивна смисла.
Сумирано – не ја препорачувам, не си го губете времето залудно.

Би можело да ти се допадне и ова...