Things You Save in a Fire – Katherine Center

Како една од ретките жени пожарникари во пожарната служба во Тексас, Каси Ханвел е одлична во справување со животните трагедии на други луѓе. Организирана, посветена и присебна, таа секогаш знае како да се справи со непредвидените ситуации. Но, кога нејзината болна мајка која ја напуштила ја замолува да се пресели во Бостон и да ѝ помага, Каси за прв пат е во ситуација кога не знае како да постапи.
Старата пожарна служба во Бостон е поразлична од дотогашната работа на Каси. Освен недостатокот на финансии и лошиот објект, Каси сфаќа дека пожарникарите не се баш воодушевени што ќе имаат „дама“ во екипата, па макар и да е една сосема компетентна и паметна. Ова сепак не важи за новодојдениот колега кој се чини дека ужива во нејзиното друштво. Но, Каси не може да размислува во тој правец, бидејќи таа не се заљубува, а најмалку во колега. Освен тоа, таа го следи советот од нејзиниот поранешен шеф: никогаш не се забавувај со пожарникари. Сепак, Каси може да почувствува како нејзината решеност почнува да попушта… но, дали таа ќе дозволи нејзината кариера да биде загрозена, особено местото за кое толку напорно работела?

Го знаете она чувство кога имате високи очекувања за една книга и на крајот таа ќе успее да ги исполни? 🙂 Прекрасно, зарем не?
Ова е книга која беше цела вечност на мојата листа за читање, после толку многу убави коментари на Goodreads, препораки од познатите читателски клубови и само високи оценки. Откако сфатив дека во оваа 2020-та година немам прочитано ниту една книга на мојот Киндл, решив малку да го активирам и ја одбрав токму оваа.

Замислете ја книгава како највкусната торта на светот која има сè што е потребно – лешници, кремаст фил, сето тоа прелиено со чоколадо. Во превод, имаше прекрасна приказна, одличен начин на раскажување, совршено изградени ликови, па дури и сосема соодветен наслов – што би сакале повеќе од тоа? Навистина уживав во секој залак 🙂

Брзо се чита и имав чувство како постојано да се лизгам низ приказната, збор по збор, страница по страница. Вниманието не ми избега во ниту еден момент.

Има толку многу теми за кои зборува и тоа не само површно, туку ни ја дава целосната слика и позадина. Ликовите се толку допадливи, многу ги засакав и се соживеав со секој од нив, ама буквално секој од нив. Не беа совршени, но совршено ја кроеја приказната и беа многу реални. Каси е прекрасна и е од оние ликови за кои би сакала да постојат во реалноста и да ги имам во животов како пријатели. Цврста, посветена и спремна од секој можен аспект, но надворешно крута и студена со висок штит околу себе кој не успеваше да го пробие никој. Сепак, како што се развиваа настаните, така ја откривавме дел по дел, слој по слој, како калинка.

Низ целата приказна беа извезени и многу прекрасни цитати од кои овде ќе споделам дел:

“That’s the thing I always love best about the human race: How we pick ourselves back up over and over and just keep on going.”

“The more connection I got, the more I wanted. You know, like when you take a nap, but when you wake up you’re somehow sleepier than you were before? That was me, all the time—with humanity.”

“It’s amazing how brave you can be when you feel safe.”

“If you play it right, your struggles might even lead you to your strengths.”

“Choosing to love—despite all the ways that people let you down, and disappear, and break your heart. Knowing everything we know about how hard life is and choosing to love, anyway… That’s not weakness, that’s courage.”

“Yes, the world is full of unspeakable cruelty. But the answer wasn’t to never feel hope, or bliss, or love-but to savor every fleeting, precious second of those feelings when they came.”

“I do it because I believe that human connection is the only thing that will save us. I do it because I believe we learn empathy when we listen to other people’s stories and feel their pain with them.”

“There’s so much death in that world, but laughter is life. You need it.”
“I’m at my very best when things are at their very worst.”

“It’s not the easy moments that define who we are. It’s the hard ones.”

За крај, ќе кажам само дека не ѝ подарив 5 ѕвездички од две причини – првата е тоа што ако објективно ја споредам со последната книга на која ѝ ја дадов највисоката оценка („Папата Јована“) сфаќам дека навистина не би можела да ги ставам на исто рамниште; втората причина е тоа што имаше некои моменти кои не ми се допаднаа, а за кои не би зборувала овде за да не откријам премногу. Во секој случај ви ја препорачувам!

Би можело да ти се допадне и ова...