Летен читателски предизвик

Е па драги читатели, вака или онака – летото веќе започна. Не знам за вас, но мојот календар како да застана во месец февруари и изминатиов период ми помина во некаква магла, но упорно се обидувам да внесам позитивна енергија во секој ден и да го направам поубав на овој или оној начин. Оние кои ме следат на инстаграм, знаат дека и на таа платформа се обидов на пополнам барем мал дел од бесконечните денови на оние што ме следат, па малку да се забавуваме преку квизови и гласање за омилени корици, писатели и слично.


Со почетокот на летото, решив да направам нешто поинакво на мојот блог – за оние кои ги сакаат читателските предизвици, еве еден кој се надевам дека ќе ви се допадне, ќе го прифатите, а на крајот секако и ќе го исполните 🙂 Помислив на сè она што ме асоцира на лето – песок, плажа, море, многу овошје, вкусни кафиња и секако, музика. Ги искористив овие работи за да го скројам следниот предизвик – за оние кои читаат на англиски, верувам дека ќе биде многу полесно, а за останатите се потрудив да најдам барем по три македонски изданија кои ќе можете да ги читате.
Без оглед на вашето темпо на читање, мислам дека за следните 3 месеци ќе имате доволно време за да прочитате по една книга од следните осум категории, секоја од нив инспирирана од летото:

Книга која во својот наслов го содржи зборот „лето“
Мои предлози:
Лето како во „Мама миа“ – Ени Робертсон
Лето на љубовта – Кејти Форд
Лето во Тоскана – Елизабет Адлер

Книга чија корица е инспирирана од летото
Мои предлози:
Последната песна – Николас Спаркс
Трач – Елин Хилдербранд
Будалеста, слатка љубов – Џил Шелвис

Книга која во насловот содржи некоја летна туристичка дестинација
Мои предлози:
Има нешто магично во Сен Тропе – Елизабет Адлер
Едно лето на Крит – Анде Јанков
Да се љуби и да се умре на Карибите – Исидора Бјелица

Книга чие дејствие се случува во лето
Мои предлози:
Долга летна ноќ – Кери Елкс
Лето во Италија – Дејвин Мекфарлан
И одеднаш едно лето – Џули Џејмс

Книга која во насловот содржи некое овошје
Мои предлози:
Девојката со портокали – Јустејн Гордер
Сенките на дрвото од калинка – Тарик Али
Смоква – Горан Војновиќ

Книга чиј наслов е поврзан со музика
Мои предлози:
До последна нота – Лиза Џенова
Посета на бандата – Џенифер Иган
Дејзи Џонс енд Д сикс – Тејлор Џенкинс Рејд

Книга која на својата корица има кафе
Мои предлози:
Кафулето зошто – Џон П. Стрелецки
Животот е лесен, не грижи се – Ањес Мартен-Лиган
Вторнични жени – Моника Пец

Чик-лит
Мои предлози:
Понуда што не можеш да ја одбиеш – Џил Мансел
Од љубов до омраза – Кристан Хигинс
Во секоја љубов има малку лудило – Мари Форс

Би можело да ти се допадне и ова...