Летни попусти на книги во нашите книжарници

Иако моменталното време надвор го навестува спротивното, летото штотуку започна, а нашите издавачки куќи веќе спремија летни попусти на нивните изданија. Па, ако сè уште не сте заминале на одмор, а размислувате што да понесете со вас во вашата торба за на плажа, одвоив неколку интересни понуди во кои верувам дека ќе најдете нешто што ќе ви се допадне.

Ќе започнам со понудата која најпријатно ме изненади – 150 наслови со попусти од 30% до 60% во издание на Сакам книги. Има навистина добар попуст и голем избор, особено ако сте во потрага по некоја интересна книга која ќе ви го задржи вниманието додека се сончате летово. Сега е вистинско време да се подновите со некоја книга од Џули Џејмс, Лорен Лејн, Самата Јанг, или пак можеби сте расположени за некој трилер – изборот е ваш.

Скоро цело лето ќе трае акцијата на Матица која овојпат нуди попусти и до 50% на одбрани наслови од различни жанрови, а на нивниот веб сајт можете да ги пребарувате и според висина на попуст. Ако сте имале желба да ги комплетирате серијалите на Лусинда Рајли, Зафон, или пак едноставно да си купите некоја stand alone книга – искористете го овој попуст.

Покрај стандардната акција Среќна среда, до 31 август во Култура можете да ги купите нивните изданија со 20% попуст.

Издавачкиот центар Три по повод Летниот фестивал на книгата, до 20 август нуди и до 70% попуст на насловите кои можете да ги видите во нивниот каталог.

До крајот на месецов можете да се подновите со некој наслов од Литература која нуди избор на книги за деца и возрасни.

Би можело да ти се допадне и ова...