Првата книга која слетала на Месечината

Books, books everywhere! Па дури и на Месечината 😀

Кога пред точно 50 години Баз Олдрин се качил на Месечината со Аполо 11, тој со себе го понел џебното издание на автобиографската книга на Роберт Годард со наслов “The Autobiography of Robert Hutchings Goddard, Father of the Space Age”. Сè започнало пред неговото полетување со кое Олдрин станал вториот човек кој се качил на Месечината – издавачката куќа Ворчестер која инаку печати мали, џебни изданија на книги, му испратила две копии од споменатата книга, замолувајќи го да ги понесе со себе на Месечината, со план една копија да остави таму.

Со оглед на тоа дека на астронаутите не им било дозволено да оставаат предмети во вселената, Олдрин ги вратил двете копии од книгата, од кои едната ѝ ја врачил на сопругата на веќе починатиот Роберт Годард, а таа ја донирала во библиотека.

Олдрин ја понел книгата со себе без да ја извести НАСА, па не постои официјален документ кој го докажува патувањето на книгата до Месечината и назад, но самиот Олдрин ја потврди приказната во интервју за списанието Кларк магазин во јуни 2011 година.

Би можело да ти се допадне и ова...