Идеи за подароци за љубители на книги

Верувам дека сите во животот имаме некој близок кој е голем љубител на книги. Ако размислувате што да му купите за роденден, именден, или некој друг повод, се надевам дека моите предлози ќе ви помогнат.
Секако, освен самата идеја да купите некоја книга, постојат и многу други интересни и практични подароци поврзани со книгите, а кои верувам дека ќе му се допаднат на секој страстен читател.

Бележник за книги
Иако претежно читам е-книги, имам еден куп бележници кои ги користам кога ќе се фатам за некоја печатена книга. Метални, хартиени, дрвени, со магнет, со некој интересен детаљ или украс… варијантите се најразлични. Мал, но убав подарок се како сувенир од некое патување, ако сакате да изненадите некој близок.

 


Држачи за книги
Не се сеќавам дали воопшто сум видела вакво нешто кај нас, но сигурна сум дека можете да ги порачате од интернет. Отсекогаш многу ми се допаѓале, особено затоа што се многу практични ако имате книги на отворени полици или врз комода.


Држачи за страниците на книгите
Ова е еден од најпрактичните подароци кои сум ги добила. Читањето станува многу полесно и попријатно кога не морате да ја држите книгата со двете раце 😀


Перничиња со интересни цитати
На љубителите на книги секогаш им треба удобно место за читање 🙂 Моето “Reading is always a good idea” перниче ми е верен сопатник низ читателските авантури.


Шолја за чај
Читањето често е придружено со уживање во топли напивки, па за оваа пригода можете да одберете шолја која ќе ја дизајнирате по сопствена желба, со некој цитат или интересна слика.


Футрола за е-читач
Ваквите футроли имаат повеќе предности – со нив електронските читачи изгледаат како вистинска книга, освен тоа го заштитуваат уредот. Јас имам проблем секогаш кога бирам футрола за мојот киндл, бидејќи сакам да ги купам сите! 😀 Изборот е огромен, а практичноста е и повеќе од доволна за да го одберете овој предлог.


Читателски дневник
Од неодамна низ нашите книжарници почнав да забележувам вакви читателски дневници на македонски јазик, што морам да кажам дека многу ми се допадна! Дневникот што мене ми падна во раце беше одлично скоцкан и со супер дизајн. Во него читателите можат да ги запишуваат сите прочитани книги, да ги забележуваат впечатоците и да ги одвојуваат цитатите кои им се допаднале.


Покрај овие идеи за практични подароци врзани за читањето, има и многу други кои се инспирирани од книгите, почнувајќи од накит, аксесоари, маички, прибор за пишување, па сè до постелнини, столни ламби, врамени слики и постери.

Сепак, што и да одберете за некој читател, верувам дека нема да згрешите 🙂

Би можело да ти се допадне и ова...