I Knew You Were Trouble – Lauren Layne

Тејлор Кар има сè што една млада жена може да посака – добра работа која ја работи со љубов, прекрасен стан на Менхетен и совршен човек со кој ќе го сподели сето тоа – Бредли. Дури и во моментот кога Бредли решава да ја остави за нејзина колешка, Тејлор не е загрижена. Таа ќе го врати нејзиниот маж назад, порано или подоцна. Во меѓувреме, на Тејлор ѝ треба нов цимер. Тука доаѓа Ник Балентајн кој навечер е шанкер, преку ден хонорарен писател, а во слободно време ужива да ја нервира Тејлор. И двајцата се свесни дека ќе биде невозможно да функционираат нормално како цимери, но на крајот сепак Бредли се преселува во нејзиниот стан. Наскоро, тие почнуваат да се запознаваат подобро и сфаќаат дека првичните впечатоци еден за друг им биле погрешни.

Мислам дека кратката содржина доволно ви кажува за тоа каква книга можете да очекувате. Прв пат ја читам Лорен Лејн, но знам какви книги пишува, така што очекував лесна и по малку клише приказна, па тоа и добив. Ова се такви книги во кои баш и нема некакви изненадувања, доста се предвидливи, знаете каде и како ќе завршат, но и покрај тоа можат да бидат интересни за читање, особено ако сакате малку да го одморите мозокот.
Она што морам да кажам дека пријатно ме изненади, беше тоа што убаво беше дадена позадината зад однесувањата и постапките на ликовите, можам дури да речам дека солидно беа изградени ликовите, а можеби и моите очекувања во тој дел беа ниски, па затоа бев изненадена.
Сумирано – ова е една од оние книги кои многу брзо се читаат и уште толку брзо се забораваат, но ако ништо друго читањето ќе ви биде забавно.

Би можело да ти се допадне и ова...