“Ghost Gifts” – Laura Spinella

Обри Елис е новинарка која има дарба да комуницира со мртвите – нешто кое ја вознемирувало во детството и причината поради која сега ѝ се распаѓа бракот. По откривањето на телото на една млада жена, Обри ќе навлезе во истрагата обидувајќи се да дознае што навистина се случило, убедена дека човекот кој поминал 20 години во затвор, не е вистинскиот убиец.

Книгава ептен ја развлеков уште на почетокот, па после имав повеќе време и го забрзав читањето, па после пак морав да паузирам и ми стоеше неколку дена на 96%. Мислам дека тоа малку ми го поремети впечатокот, зашто кога после неколку дена ќе продолжев да читам, малку се губев со настаните и ликовите, па не можам да проценам дали содржината не беше добро склопена, или мене не ми беше паметот тука. Во секој случај интересна книга, на моменти ми беше стварно многу морничава, иако не е баш хорор. Мислам дека прв пат читам вакво нешто, а ако некогаш сум читала, тогаш било одамна. Некои настани не ми се допаднаа, некои дијалози ми беа малку глупави, ама тоа беа ситни работи. Генерално ми се допадна.

Би можело да ти се допадне и ова...