“Trust Your Eyes” – Linwood Barclay

Томас Килбрид е шизофреничар опседнат со мапи, кој многу ретко ја напушта неговата спална соба. Но, со компјутерска програма наречена Whirl360.com, тој патува низ светот, без да излезе надвор од четирите ѕида. Еден ден, додека тој „патува“ низ центарот на Њујорк, гледа нешто кое досега никој не го забележал. Острото око на Томас детектира слика во прозорец – слика на која има убиена жена.

Братот на Томас, Реј, се грижи за него, готви за него и секојдневно ги слуша неговите сложени и параноични теории. Кога Томас му кажува на Реј што го видел, тој не го сфаќа сериозно. Но, Реј наскоро сфаќа дека тој и неговиот брат паднале во смртоносен заговор.

Целокупно ми се допадна книгава.

Применети се веќе испробани техники, типични за трилерите, кои секогаш „палат“.

Имаше некои моменти кои мислам дека беа сосема непотребни, но добро, скоро и да нема книга од која не би скратила нешто. Почетокот не ми даде впечаток дека книгата ќе биде толку возбудлива и неизвесна, ама подоцна кога веќе навлегов во приказната, не можев да ја пуштам! Ми се допадна тоа што паралелно имаше неколку раскажувања, сакам такви книги.

Во текот на читањето постојано се обидував да одгатнам што ќе се случи и многу пати го менував правецот на размислување, ама успеав некои работи да предвидам. Во некои делови од книгата каде што имаше многу сплетки и интриги, морав повеќе внимание да обрнам за да сфатам кој, зошто и што направил. Морам да кажам дека разрешувањето на целата приказна ми беше малку филмски направена, но во глобала ми се допадна 🙂

Би можело да ти се допадне и ова...