You Had Me At Hello – Mhairi McFarlane

Што се случува кога оној што некогаш заминал, сега се враќа назад?
Рејчел и Бен. Бен и Рејчел. Некогаш биле тие двајца против светот…
Поминува една деценија откако тие се виделе за последен пат, но кога еден дождлив ден Рејчел ќе налета на Бен, тоа не изгледа како толку далечно минато.
Се чини дека животот продолжил понатаму – Бен е оженет, Рејчел дефинитивно не е. Всушност, таа и нема толку среќа со мажите во нејзиниот живот.
Сепак, во таа секунда при нивната повторна средба, Рејчел чувствува дека се вратило нивното старо пријателство, а заедно со тоа, и скршеното срце кое таа никогаш не успеала да го излечи…

Ова е една од оние книги во кои со ликовите се запознавате во нивната младост, конкретно овде во студентските денови кога Рејчел и Бен биле заедно, за потоа да скокнете деценија напред во време кога гледате дека тие повеќе не се заедно и дека патиштата им се разминале. Па се прашувате: Што се случило? 🙂 Како што читате, така полека почнувате да дознавате, движејќи се напред-назад низ приказната.

Стилот на раскажување е лесен, украсен со британски хумор. Приказната сепак, не е толку оригинална – некои моменти и околности ме потсетија на „Еден ден во декември“, макар што оваа е издадена години пред книгата на Џози Силвер. Слично како и за таа книга, и овојпат имав слични впечатоци, само што можеби сега главните ликови ми беа барем малку подопадливи. Не можам да не направам паралела меѓу двете, бидејќи навистина ми беа слични, па кај оваа ќе кажам дека многу повеќе ми се допадна конекцијата кај Рејчел и Бен и можев да ја почувствувам нивната меѓусебна хемија. Имаше моменти кои ми се допаднаа, наспроти одредени настани за кои некако имав чувство дека се туѓи, дека едноставно не припаѓаат во целава приказна. Во такви некои моменти дури и умствено се исклучував, како да сакав да ги прескокнам за да не бидат дел од книгата.

Почна ветувачки, но на крајот иако ја оценив со 3 ѕвездички, мислам дека реално не ги заслужи.

Би можело да ти се допадне и ова...