„Еленор и Парк“ – Реинбоу Ровел
Првата љубов не се заборава никогаш! Особено не кога ќе дојде вака…
Две необични личности кои никако не можат да се вклопат никаде… И една исклучителна љубов…
Еленор… Црвена коса, чудна облека. Таа е новата девојка во градот, со хаотичен семеен живот, со диви, смешни локни – таа не би можела да стрчи повеќе дури ни кога намерно би се обидувала.
Еленор… Таа прави сите други да изгледаат премногу обично и бледо и секојдневно и… никогаш доволно добри.
Парк е момчето кое седи во задниот дел на автобусот. Црни маици, големи слушалки за музика, главата забиена во книга – тој мисли дека успева да биде невидлив. Но не и за Еленор… никогаш за Еленор. Тој знае која песна таа ќе ја засака уште пред да ѝ ја пушти. Тој се смее на нејзините шеги уште пред таа да стаса до смешниот дел.
Има едно место во неговите гради, баш под грлото, кое го тера да сака да си ги исполнува ветувањата што ѝ ги дава…
Ова е книга која веќе некое време ја среќавав и на Goodreads и низ книжарниците и низ Инстаграм, а кога неодамна прочитав дека ќе биде снимен и филм по неа, решив да ѝ дадам шанса. Во последно време избегнувам YA книги, иако некогаш знаат да ме изненадат и допрат. Приказната во оваа книга е интересна, а ликовите шарени 🙂 Не обрнав толку големо внимание на кратката содржина пред да ја читам, па имав сосема поинаква замисла за Еленор и Парк, затоа на крајот останав изненадена 😀 Ако мислите дека има нешто „типично“ во книгава, се лажете. Вака кога ќе размислам, сè беше многу необично, но ми се допадна како спој на околности и многу различни ликови. Ми се допадна како Еленор и Парк ја создаваа нивната врска, немаше клише моменти, па дури би рекла дека и крајот ми се допадна. Имаше убави цитати, еве дел од нив во продолжение.
“Eleanor was right. She never looked nice. She looked like art, and art wasn’t supposed to look nice; it was supposed to make you feel something.”
“Holding Eleanor’s hand was like holding a butterfly. Or a heartbeat. Like holding something complete, and completely alive.”
“What are the chances you’d ever meet someone like that? he wondered. Someone you could love forever, someone who would forever love you back? And what did you do when that person was born half a world away? The math seemed impossible.”
“I just want to break that song into pieces and love them all to death.”
“I don’t like you, Park. Sometimes I think I live for you”
“Nothing was dirty. With Park.
Nothing could be shameful.
Because Park was the sun, and that was the only way Eleanor could think to explain it.”
“You think that holding someone hard will bring them closer. You think that you can hold them so hard that you’ll still feel them, embossed on you, when you pull away.”
“You look like you,” he said. “You with the volume turned up.”