“Sworn to Silence” – Linda Castillo

Кога сериски убиец ќе почне да пркоси во едно мало гратче во Охајо, обележувајќи ги сите жртви со римските бројки на нивниот стомак, ќе се отвори истрага за четири други убиства кои се случиле пред 16 години. Кејт Буркхолдер, која е шеф на полицијата и има амишки корени, точно знае зошто престанале убиствата пред толку години, но тоа мора да го чува во тајност. Незадоволни од напредокот во истрагата, локалните политичари формираат посебно тело кое ќе го гони сторителот. Во меѓувреме, бројот на тела се зголемува, заканата по безбедноста на жителите не престанува, а целата ситуација создава голема нетрпеливост и поделба меѓу Амишите и локалното население.

Ова е прв дел од серијалот на трилери каде главен лик е Кејт Буркхолдер. Интересен трилер, ми се допадна стилот, настаните брзо се одвиваа, ми го задржуваше вниманието и не ми беше досадна во ниту еден момент. Насетував кој отприлика би можел да биде убиецот, ама во целост книгава не беше толку предвидлива. Многу ми беа грозоморни сцените со убиствата и насилствата, ми се превртуваше стомак кога ги читав тие делови и си ги замислував во глава 😦 Единствено заради тоа не ги сакам ваквите книги.

За Амишите имам читано порано, имав гледано и една документарна емисија каде кажуваа за нивниот живот. Не знам дали воопшто немаат весници и слично, ама нешто што ми остана во сеќавање е дека една од жените во таа заедница, знаеше за 50 Cent раперот 😀 Ми се допадна како се провлекуваа делови од нивниот традиционален живот низ приказната.

Што се донесува до ликовите, Кејт ми се допадна најмногу, како силна и храбра жена. Не само во однос на тоа што ѝ се случило, туку и нејзиното отргнување од семејството. Имам читано за Амишите кои се отргнуваат од заедницата и можам да претпоставам колку е тешко тоа. Бидејќи од тој момент не само што си препуштен сам на себе, туку влегуваш во еден поинаков свет кој функционира сосема поразлично од оној во кој си израснал.

“That I feel the need to defend myself shames me. I did what I had to do that day to save my life. But ingrained beliefs are difficult to exorcise no matter how valiant the attempt. I’ve always considered myself an enlightened woman. But I was raised Amish and some of those old values will always be a part of me.”

“I think most sociopaths are born, not made. Very few are created by life events.”

Би можело да ти се допадне и ова...