„Без тебе“ – Мишел Биси

22 декември 1980 година, се урива авион на француско-швајцарската граница. Од 169 патници, единствениот преживеан патник е 3 месечно бебе. Две француски семејства се јавуваат тврдејќи дека станува збор за нивната внука. Без можност точно да се утврди идентитетот на бебето, семејствата се впуштаат во жестока војна обидувајќи се да пронајдат некаков доказ во своја корист. Во истрагата се приклучува и познат француски детектив, кој ќе има за цел да дознае кое бебе преживеало – Лајзи Роуз или Емили.
Осумнаесет години подоцна, детективот не успева да ја открие вистината. Не можејќи да се соочи со мистеријата која го мачела скоро две децении, детективот решава да си го одземе животот. Но, пред да го повлече чкрапалото, во стар весник од денот на несреќата, тој случајно открива нешто кое никој не го забележал – одговорот на мистеријата.

За книгава дознав од една статија каде беше ставена меѓу препораките за книги за на плажа, а кратката содржина доволно ме привлече за да си ја симнам. Ова е една од оние книги кои ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Брзо се чита, нема досадни моменти, иако имаше работи од приказната кои мене лично не ми се допаднаа. Сепак, на goodreads од мене доби четворка. Што се однесува до решавање на мистеријата – имав неколку претпоставки, од кои една беше всушност крајот на книгава 🙂 Така што, не ми беше којзнае колку изненадувачки, да ме остави со подзината уста 😀 Можеби затоа што имам прочитано премногу трилери, па додека читам во глава ми се мотаат најразлични комбинации, која од која пошокантна 😀

Сепак, ја препорачувам, особено на оние кои сакаат да читаат добри трилери со неизвесни приказни 🙂

Би можело да ти се допадне и ова...