Браво за првата детска апликација за читање и слушање книги – Boksy.mk

Со оглед на тоа дека технологијата е неизоставен дел од секојдневниот живот, многу често можете да сретнете деца кои времето го поминуваат со телефон, таблет или некаков сличен уред во рака. Од денес, наместо со YouTube видеа или игри, децата ќе можат тоа време да го користат за читање и слушање книги преку првата ваква апликација кај нас – Boksy.mk.

Штом дознав за апликацијата, веднаш ја инсталирав и „проучив“ 🙂 По регистрирањето на акаунт, одбрав име и аватар и почнав со читање 😀 Први книги кои ги отворив беа оние на Биби и Боби, но апликацијата е навистина богата и со други детски книги со забавна и едукативна содржина од македонски и странски издавачки куќи. Лесна е за користење, а преку читање книги собирате и парички преку кои можете да добиете некаква награда. Kнигите се достапни на македонски, англиски и албански јазик кои можат да се читаат или слушаат како аудиокниги. Освен книги, апликацијата содржи и квизови, дневни и неделни предизвици, а може и да се натпреварувате во читање.

Браво за Бокси 🙂

Би можело да ти се допадне и ова...