Новогодишни попусти во нашите книжарници

На половина месец до пристигнување на новата година, сигурно веќе сте во потрага по подароци за вашите најблиски, па и за себе, зошто да не? 🙂 Доколку на вашата листа имате кандидати за книги, или можеби сакате самите да си се почастите, а ги испуштивте попустите на Саемот на книга во Рамстор кој заврши вчера, можеби би можела да ви помогнам.

Еве што можат да ви понудат нашите книжарници.

Да почнеме од Полица, со нивната понуда од 2 книги за 150 денари. Оваа акција започна на 7 декември, а ќе трае до исцрпување на тиражите на книгите. Целата листа на понудени книги можете да ја видите на следниов линк.

Дополнително, од денес, па до 15 јануари, сите изданија на Полица се со 20% попуст, а со секои купени две книги добивате подарок новогодишна честитка 🙂

Продолжуваме со книжарницата Или Или, каде почнувајќи од денес до 21 декември ќе можете да купите книга за 100 денари од нивната листа од 33 наслови кои можете да ги погледнете овде.

Од денес, па сè до крајот на месецов Култура нуди попуст од 20% на сите нивни изданија, со тоа што овој попуст не важи за учебници и стручна литература.

Книжарницата Литература од денес ја започнува нивната новогодишна акција под името „Празнична магија во Литература“ која ќе трае до 15 јануари, а нуди попусти и до 50% на книги за возрасни и деца.

Од 10 декември до завршување на новогодишните и божиќните празници, Академска книга нуди 20% попуст на сите изданија во нивната книжарница.

Доколку сакате да купите некоја книга од Антолог, можете да го посетите нивниот штанд на новогодишниот базар „Винтерленд“ на скопскиот плоштад, кој ќе трае сѐ до крајот на декември.

Дополнително, во нивниот каталог можете да ги видите насловите кои ќе бидат, односно веќе се на попуст по повод Недела на книги за деца која трае од денес до 21 декември и Недела на омилени автори која ќе трае од 25 декември до 11 јануари.

Во пресрет на нивниот традиционален Зимски саем на книгата, Матица нуди попуст на одредени наслови кои можете да ги видите на нивната фејсбук страница.

Дополнително, ако не сте од Скопје и не можете да посетите некоја од наведените книжарници, новогодишна акција има и на сајтот kupikniga.mk од каде можете да порачате книги со попуст до 50%.

Би можело да ти се допадне и ова...