Петиција за Мекдоналдс – Наместо играчки, сакаме книги

Иако познатиот синџир за ресторани за брза храна веќе одамна го нема во Македонија, веројатно повеќето ги паметат нивните lunch-пакети во кои заедно со оброкот ставен во шарена кутија, децата добиваа и по една играчка.
Мекдоналдс сè уште го практикува ова, но се чини дека постојат големи шанси ова да се смени, откако две сестри од Саутхемптон собраа повеќе од 400.000 потписи за нивната петиција против употребата на пластични играчки. Имено, со цел да се заштити животната средина од пластиката која се употребува за играчките, деветгодишната Ела и седумгодишната Кејтлин, предложиле Мекдоналдс да почне да подарува книги или друштвени игри со нивните оброци.

Инспирирани од часовите на училиште каде учеле за загадувањето на природата, Ела и Кејтлин со помош на нивните родители почнале да собираат потписи за нивната петиција, но не очекувале да наидат на толку голема поддршка. Успехот за нивната кампања стигна дури и до BBC, а уште поголемо изненадување е ставот на Мекдоналдс од каде изјавиле дека нивните купувачи во иднина сè почесто ќе среќаваат книги, друштвени игри и плишани играчки во пакетите, а компанијата ќе се потруди да го редуцира производството на пластични играчки што е можно повеќе.
Браво за Ела и Кејтлин! 😀

Би можело да ти се допадне и ова...