Мелбурн: Ако најдеш книга во јавен превоз, твоја е

Ако се движите низ Мелбурн со јавен превоз и притоа на некое седиште забележите заборавена книга, не грижете се – таа само го чека нејзиниот нов сопственик 🙂

Австралиската организација Books On The Rail во 2016 година започна кампања поттикнувајќи ги читателите да оставаат книги во возовите, автобусите и трамваите, за да ја споделат својата љубов кон читањето и да ги поттикнат останатите патници да читаат повеќе.
Откако слична иницијатива беше реализирана во Лондон, основачите на Books On The Rail, Али Берг и Мишел Краус, добиле инспирација да го сторат истото во својот роден град.

Како ќе знаете дали некоја книга е намерно оставена во јавниот превоз, а не е навистина заборавена? – Едноставно. Ако на нејзината корица има залепено Books On The Rail налепница, тогаш со сигурност можете да се послужите со неа. Притоа, Али и Мишел ги охрабруваат среќните пронаоѓачи да споделуваат фотографии на социјалните мрежи, за кампањата да допре до што е можно повеќе читатели.

Кога во 2016 година беше започната оваа кампања, низ возовите, автобусите и трамваите на Мелбурн патуваа околу 200 книги, главно во центарот на градот. Али и Мишел во ова гледаа и одлична прилика за не толку познатите писатели, кои веќе почнаа да донираат дел од своите книги, со цел да стигнат до поголема публика.

Би можело да ти се допадне и ова...