Колку книги можеме да прочитаме во текот на животот?

Ако во овој момент го прашате Google колку книги постојат во светов, ќе ви го даде следниот одговор:

Ова е бројка која постојано се зголемува, но и без да го знаеме точниот резултат, мошне очигледно е дека секогаш ќе има многу повеќе книги, отколку што ние ќе имаме време за читање – факт кој е болна тема за секој голем љубител на книгите 😀
А сте се запрашале ли некогаш колку книги можеме да прочитаме во текот на животот?


Емили Темпл е писателка која доволно се заинтересирала за одговорот на ова прашање, па се потрудила да направи истражување и да дојде до некаква статистика. Резултатите, секако, зависат од голем број фактори – колку слободно време имаме, колку брзо читаме, а во крајна линија зависи и од должината на нашиот животен век. Сепак, Емили се обидела да направи некоја проценка, која со оглед на убавите резултати, се надевам дека ќе биде барем приближно до вистинската 🙂 Таа најпрво ги поделила читателите во три категории, во зависност од толку колку книги читаат годишно – просечни (12 книги годишно), напредни (50 книги годишно) и супер читатели (80 книги годишно). Потоа, ги поделила категориите читатели според нивната возраст и пол, за на крајот резултатот да изгледа вака:

Ако се сместам себеси во напредни читатели, сметајќи дека сум на некоја средина меѓу 25 и 30 години, почнувајќи од овој момент, до крајот на животот би требало да прочитам безмалку 3000 книги. Oва ми личи на огромна бројка, барем така делува на прв поглед. Ако сметаме дека би читала по 50 книги годишно, математиката вели дека ми преостануваат уште 60 години од животот, што звучи супер 😀

Знам дека бројни фактори играат улога во тоа колку книги ќе прочитаме, особено затоа што со текот на времето се менуваат приоритетите, па веројатно и самата бројка на прочитани книги годишно се менува и не би можеле да кажеме дека ќе читаме со ист интензитет до крајот на животот. Сепак, без разлика на тоа во која од категориите се сместувате, на сите ви посакувам уште многу прочитани книги! 🙂

Би можело да ти се допадне и ова...