Читање книги на плажа

За страсните читатели, барем една книга во куферот е must have за одење на одмор. Со оглед на тоа дека се трудам поголемиот дел од денот да го поминам на плажа, можам да одвојам барем малку време за читање, додека одмарам на лежалка под чадорот за сонце. Веројатно ќе се сложите со мене дека слушањето на брановите додека го чувствувате топлото ветре, е одлична атмосфера за читање. Не знам за вас, ама јас на плажа секогаш фрлам поглед на тоа што читаат другите 🙂

Досега сум читала најразлични книги на плажа, а заради некои дури и имам изгорено под летното сонце, затоа што сум се занела во читањето и сум изгубила ориентација за време. Факт е дека книгите влијаат врз нашето расположение, па следствено на ова ги бирам и книгите кои сакам да ги читам на одмор. Избегнувам тешки книги, или книги кои според кратката содржина знам дека ќе бидат тажни и со трагична приказна. А сигурна сум дека и вие не сакате да плачете пред да одите на пливање 😀

Од една анкета на која наидов на интернет, заклучив дека повеќето читатели за на плажа одбираат чик-лит и романси, што најчесто е и мој избор. Обично сакам да читам книги кои ми се вклопуваат со моменталната атмосфера и расположение. Па така, за на одмор гледам да одберам книга во која и самите главни ликови одат на некое летно патување, или настаните се одвиваат на некоја таква дестинација.

За ова лето, составив листа на книги кои би сакала да ги читам на плажа.

“Blue Jeans and Coffee Beans” – Joanne DeMaio


“The Lake House” – Marci Nault


“The Glass Wives” – Amy Sue Nathan


“The High Tide Club” – Mary Kay Andrews


“The Beach Hut” – Veronica Henry


“A Nantucket Wedding” – Nancy Thayer


“By Invitation Only” – Dorothea Benton Frank


“Lighthouse Beach” – Shelley Noble

Би можело да ти се допадне и ова...